Рано утрово Душко ја фатил за коси Јелена, драмата продолжила со полиција
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка Јелена Карлеуша во полиција пријавила дека ја нападнал нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, полицијата веднаш излегла на терен каде ја пронашла пејачката со нејзиниот пријател М.Ј. Тие пријавиле дека Тошиќ дошол во куќата, го фатил пријателот на поранешната сопруга за врат и го удрил неколку пати по главата и телото. Потоа ја нападнал и Јелена. Таа се обидела да ги раздвои, но Душко ја повлекол за коса и ја удрил неколку пати по главата и телото.
На Тошиќ веднаш му било извршено алкотестирање и било утврдено дека има 0,87 промили алкохол. Во полиција изјавил дека Јелена ја нашол дома со пријателот и дека барал да излезат оттаму, но негирал дека ги нападнал и им се заканувал, открива извор на српска „Република“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…