(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија на Дакар: Рели-возач удри навивач, кој подоцна починал!
Голема трагедија се случи на релито Дакар, во деветтата етапа, откако чешкиот рели-возач на камион Алеш Лопраис удрил навивач на песочните дини, а воопшто не бил ни свесен дека тоа го направил, па на крајот на етапата му ја соопштиле трагичната вест дека навивачот починал.
Организаторите на Дакар ја потврдија смртта на италијански пензионер, кој после ударот бил хостпитализиран откако се пожалил на мачнина и втроглавици, а починал од срцев удар. Лопраис не бил ни свесен дека прегазил навивач, а потоа дознал за тешкиот инцидент.
„Ова за секогаш ќе ме следи. Навистина ми е жал. Сѐ беше во ред и се случи таа несреќа. Ми кажаа кога ја завршив деветата етапа. Бевме легнати во кревет кога ми ја покажаа снимката на која по грешка удривме еден човек, кој ја фотографирал сопругата зад песочните дини. Беше повреден, чувствувал мачнина и вртоглавици, а во следните два-три часа на пат кон болница доживеал срцев удар“, рече Лопраис
Италлијанецот имал 69 години и бил голем фан на релито. Инаку ова е петти смртен случај на релито Дакар од 2020 година наваму, а вкупно 76-та трагедија во историјата на најтешкото светско рели.
Video from Ales Loprais explaining what has happened during stage 9
Source: facebook Ales Loprais#Dakar #Dakar2023 pic.twitter.com/RN5S89rET2— Rally Raid News (@RallyRaidNews) January 11, 2023
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…