Вознемирувачко видео: Украинците објавија како изгледа комора за мачење во Херсон
Украинскиот комесар за човекови права, Дмитро Лубинец, во четвртокот објави видео во кое, како што вели, е прикажана комора за мачење која ја користеле руските сили во неодамна ослободениот регион Херсон.
Во видеото објавено на социјалните мрежи Телеграм и Фејсбук, Лубинец зборува од неколку подземни простории со валкани ѕидови и подови, вклучително и една мала соба во која, според неговите тврдења, истовремено биле сместени и до 25 лица.
Видеото беше објавено откако украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски во четвртокот наутро објави дека истражителите откриле 63 тела со знаци на тортура во Херсон.
Лубинец рече дека просториите биле користени за приведување, испрашување и тортура, при што за да се изнуди признание биле користени електрошокови.
„Ројтерс“ не беше во можност да ги потврди тврдењата на Лубинец, додека Русија, чии сили се повлекоа од Херсон минатата недела, негира дека нејзините војници целеле цивили или извршиле злосторства.
Неименуван маж на видеото вели дека бил задржан во една од собите 24 дена. Тој сведочеше дека бил врзан за стол и повеќе пати бил подложен на тортура со електрошокови, при што Русите спроведувале испрашувања.
Министерот Монастирски во четвртокот рече дека истрагата за руските злосторства во Херсон штотуку започнала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…