Објавено на:

Волстрит Журнал: Израел почна да пумпа морска вода во тунелите на Xамаc во Газа

t

Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа да го полнат со морска вода комплексот тунели на Хамас во Газа, јави Волстрит Џурнал цитирајќи неименувани американски официјални претставници.

Весникот додава дека процесот најверојатно ќе трае со недели.

Некои претставници на администрацијата на Бајден рекле дека процесот може да помогне да се уништат тунелите, каде Израел верува дека терористичката група крие заложници, борци и муниција, објави Волстрит Џурнал. Други официјални лица изразиле загриженост дека морската вода ќе го загрози снабдувањето со свежа вода во Газа.

Процесот на поплавување почнал откако ИДФ додаде две пумпи на пет пумпи кои беа инсталирани за да ги поплават тунелите минатиот месец, изјавиле претставници на американските власти за медиумот. Првите пет големи пумпи беа поставени северно од бегалскиот камп Ал Шати минатиот месец, а секоја може да испумпува илјадници кубни метри морска вода во тунелите.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…