Волстрит Журнал: Израел почна да пумпа морска вода во тунелите на Xамаc во Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа да го полнат со морска вода комплексот тунели на Хамас во Газа, јави Волстрит Џурнал цитирајќи неименувани американски официјални претставници.
Весникот додава дека процесот најверојатно ќе трае со недели.
Некои претставници на администрацијата на Бајден рекле дека процесот може да помогне да се уништат тунелите, каде Израел верува дека терористичката група крие заложници, борци и муниција, објави Волстрит Џурнал. Други официјални лица изразиле загриженост дека морската вода ќе го загрози снабдувањето со свежа вода во Газа.
Процесот на поплавување почнал откако ИДФ додаде две пумпи на пет пумпи кои беа инсталирани за да ги поплават тунелите минатиот месец, изјавиле претставници на американските власти за медиумот. Првите пет големи пумпи беа поставени северно од бегалскиот камп Ал Шати минатиот месец, а секоја може да испумпува илјадници кубни метри морска вода во тунелите. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…