Објавено на:

Волстрит Журнал: Маск ќе донира околу 45 милиони долари месечно за кампањата на Трамп

t

Американскиот претприемач и моментално најбогат човек на светот, Илон Маск, планира да донира околу 45 милиони долари месечно на новиот политички акционен комитет кој ја поддржува претседателската кандидатура на Доналд Трамп, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на анонимни добро информирани извори.
Комитетот „America PAC“, основан на крајот на мај, е финансиски поддржан од други познати личности од технолошкиот сектор, како што се браќата Тајлер и Камерон Винклвос, милијардери познати по инвестирањето во криптовалути.


На листата на донатори се наоѓа и Антонио Грацијас, директорот на одборот на директори на компанијата на Маск SpaceX, кој претходно беше шеф на одборот на директори на Tesla, пренесува порталот Verge.
Комитетот близок до Доналд Трамп беше поддржан од ко-основачот на компанијата Пејпал Кенет Хаури, поранешен американски амбасадор во Шведска за време на мандатот на Трамп, како и ко-основачот на софтверската фирма Палантир Џо Лонсдејл.
Вредноста на биткоинот порасна по саботниот обид за атентат врз Доналд Трамп, бидејќи се верува дека му ги зголемила шансите за победа на ноемвриските претседателски избори во САД, јавува Си-Ен-Ен.
Трамп постојано се декларира како поддржувач на развојот на пазарот на криптовалути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…