Вонреден извештај на АМСМ: Информации за состојбата на патиштата

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слсб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-П.Шапка,кој во моментов не преставуват пречка во одвивањето на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот премин Стража и во Маврово.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден извештај на АМСМ: Информации за состојбата…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

АМСМ: Внимавајте доколку возите по овие патни…

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска…

Поради пожар во прекин сообраќајот на регионалниот…

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103…

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по…

На граничните премини Табановце и Богородица утринава…

Забрана за тешки товарни возила на патот…

Забраната за движење на тешки товарни возила…