Вонредна контрола во девет училишта во Карпош, градоначалникот бара да не се шпекулира – и тој има слични симптоми

t

По појавата на симптоми на труење кај десетици деца во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Карпош, инспекциските екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство извршијна вонредни контроли во кујните на 9 основни училишта, кои се менаџираат од истиот оператор за исхрана, кој ја поседува и централната магацинска просторија што се наоѓа во основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

– Во рамките на превентивните вонредни контроли во овие училишта, каде што нема деца со симптоми на труење со храна, се земаат примероци од храната и од работните површини за лабораториски тестирања. АХВ ги чека резултатите од тестирањата на примероците земени од храната и од работните површини во рамките на вчерашната вонредна инспекциска контрола-велат од АХВ.

Резултатите ги очекува и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, за да се утврди што ги предизвикало симптомите кај децата, бидејќи, како што изјави, симптоми има и кај некои што не консумираат училишна храна. Нагласи дека има околу 30 деца со симптоми и апелираше да не се шпекулира со бројки.

– Интересно е што меѓу нив има и деца кои воопшто не користат училишна храна. Има симптоми и кај возрасни. Еве и јас веќе два дена имам некои слични симптоми. Затоа да не се злоупотребува ситуацијата. Што се однесува до вчера, над 70 деца отсуствувале од настава, но тоа не значи дека сите поради труење или какви било симптоми. Во моментот има и морбили-рече Лукровски.

Контролите се спроведуваат откако во вторникот вечерта околу 40 деца од различни одделенија во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ покажаа симптоми на труење со храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна контрола во девет училишта во Карпош,…

По појавата на симптоми на труење кај…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Макрон ја претстави новата доброволна воена служба,…

Емануел Макрон ја претстави новата доброволна воена…

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи…

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи…

Вучиќ: Србија не доби сигнал од Америка…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…