Вонредни инспекциски надзори во локали во општина Центар

t

Од општина Центар информираат дека продолжуваат со контроли за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на општината.

Во координирана акција која ја придружувал и градоначалникот Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните вечерни часови спровел вонредни инспекциски надзори во однос на контрола на бучавата од гласна музика од угостителски објекти при што беа извршени мерења на 4 локали од страна на акредитирана лабораторија.

„Вчера вечер повторно извршивме вонредни инспекциски контроли во неколку локали со цел да се измери прагот на бучава и гласна музика. Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните. Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра во зависност од големината на субјектот односно дали се работи за микро или мал субјект и досега општината има изречено неколку казнени решенија“, вели Герасимовски.

Тој упати повик до сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…

 Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…