Вонредни парламентарни избори утре во Србија
Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.
Републичката изборна комисија соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6.500.165, а ќе се гласа на вкупно 8.273 места. Вкупниот број на гласачи во Белград е 1.613.190 и тие ќе гласаат на 1.198 избирачки места.
Во колективната листа за парламентарните избори има 18 листи со вкупно 2.818 кандидати за пратеници.
Кога станува збор за изборите во Белград, граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи. Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот. Излезноста на изборите во 2022 година беше 58,6 отсто.
Републичката изборна комисија најави интензивна серија прес-конференции за време на изборниот ден, 17 декември – шест закажани обраќања до јавноста.
Првото обраќање е планирано за 8 часот, додека првите податоци за излезноста ќе бидат објавени во 11:05 часот. Покрај тоа, прес-конференции се закажани за 13:05 часот, 15:05 часот, 17:05 часот и 19:05 часот.
Претседателот на РИК на Србија, Владимир Димитријевиќ изјави дека изборите ќе ги следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.
Изборниот циклус за пратеници ќе го следат 5.587 набљудувачи. Тоа се девет домашни здруженија, односно 25 меѓународни организации и странски држави“, соопшти Димитријевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…