Вонредно метео-предупредување од Попоски: Ќе има поплави полоши од тие во Делчево!
Метеорологот Славчо Попоски вели дека ќе имаме поголеми поплави од оние кои се случија во Делчево.
Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на големата влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови големи поројни поплави. Апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи“, вели Попоски.
Во Скопје и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на невреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предупредување: Можно невреме попладне, не престојувајте на…
Метеоролозите од УХМР најавија дека денеска, од…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Од денес почнува снежната бајка во…
Времето наутро во оддделни котлини ќе има…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…