Објавено на:

Вонредно метео-предупредување од Попоски: Ќе има поплави полоши од тие во Делчево!

t

Метеорологот Славчо Попоски вели дека ќе имаме поголеми поплави од оние кои се случија во Делчево. 

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на големата влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови големи поројни поплави. Апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи“, вели Попоски.

Во Скопје  и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Од денес почнува снежната бајка во…

Времето наутро во оддделни котлини ќе има…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Денес времето облачно и магловито

Променливо облачно, по одделни котлини со услови…