Во Белград претставен новиот кинески брз воз: Достигнува брзина до 200 километри на час
Во Белград беше претставен новиот електричен кинески брз воз „Соко“, кој е дизајниран и произведен од компанијата CRRC Changchun, по нарачка за железници во Србија и Унгарија.
На презентацијата на возот, кој ќе сообраќа на релација Белград – Суботица, има капацитет од 250 седишта и е долг 103 метри и може да достигне брзина до 200 километри на час, присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. .
„Нарачавме пет електрични возови од Кина. Последниот треба да пристигне во декември 2025. За разлика од претходниот воз, овој има прва и втора класа“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека од Белград до Суботица ќе бидат потребни час и 10 минути.
Тој истакна дека се надева оти Србија ќе добие и фабрика за производство на возови од Кина и дека на претставниците на Кина им се понудени повеќе локации за градба во Ниш, Алексинац, Ќуприја и Краљево. Вучиќ рече дека „смета дека комплетната пруга до Суботица ќе биде отворена до крајот на 2024 година“ и им се заблагодари на кинеските партнери што ги запазиле роковите и работеле во три смени.
„Последниот воз според договорот треба да пристигне на 31 декември 2025 година. За пругата Белград – Суботица ќе правиме тестирања веќе во септември, а најдоцна од 1 декември со овој воз ќе се возите на релација Белград – Суботица. Брз воз ќе има на секои два часа. Има прва и втора класа, 45 места во прва, 197 во втора, но првата класа изгледа нереално“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ја оживеа железницата која ќе биде најважното превозно средство.
Тој изјави дека Србија во последните 40 години немала железничка линија која имала толку патници колку линијата Белград – Нови Сад. Вучиќ рече дека Србија работи на изградба и реконструкција на железничката транспортна мрежа и дека годинава ќе бидат изградени 3,3 километри од пругата Сталаќ – Ѓунис, плус 14,5 километри на истата делница.
Се работи, како што рече, на обиколницата околу Ниш, 22 километри, потоа на линијата Ниш – Димитровград, Ниш – Брестовац 23 километри, а планот е да се изгради до Прешево и до граничниот премин со Македонија. .
Возот, кој беше претставен на техничко-патничката станица во Земун, се состои од четири вагони – два моторни вагони и две приколки и е целосно усогласен со системот TSI.
Сите вагони од прва и втора класа имаат простор за инвалидски колички, тоалети за лица со намалена подвижност, место за чување велосипеди, гломазен багаж, додека плаќањето преку Интернет е обезбедено на автомати и кафемати.
Возот е опремен со интелигентен систем за одржување, односно може да дијагностицира неисправности и пречки, да ја подобри ефикасноста на одржување и да ги оптимизира трошоците, бидејќи има 1.000 точки за следење кои се распоредени низ возот, од напојување, влечење, сопирачки.
Има и интелигентен систем за издавање билети кој може да прикажува слободни и зафатени седишта за патниците и информации за делот во реално време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР потврди дека македонска државјанка загинала во…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Белград ќе има функционално метро до крајот…
Претседателот на градското собрание во Белград, Никола…
Пукање во Белград, едно лице е повредено
21-годишен маж вечерва бил застрелан во ногата…
Во Белград претставен новиот кинески брз воз:…
Во Белград беше претставен новиот електричен кинески…
Лавров за Серспскиот собор: „Херојскиот српски народ…
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…