Во Белград пронајден нелегален кол центар: 300 милиони евра измама со криптовалути
Премиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ рече дека во заедничка операција на Високото јавно обвинителство, Специјалниот оддел за борба против високо-технолошкиот криминал и Службата за борба против високо-технолошкиот криминал на Техничката дирекција, со истражните тела на Германија и Кипар, меѓународниот синџир на интернет измама преку т.н. кол центри, вчера е пробиен меѓународен синџир на интернет измами кои повикуваат на инвестиции во криптовалути, објавија српските медиуми.
Дачиќ додаде дека во таа прилика во Белград бил пронајден нелегален кол центар, каде што биле пронајдени десетици вработени, за кои се проверува дали учествувале во измамнички активности.
Според официјалната изјава на Европол, досега се идентификувани околу 120 жртви, кои изгубиле околу 12 милиони евра.
Сепак, понатамошните проценки од страна на германските истражувачи покажуваат дека имало многу повеќе жртви низ светот и дека измамата изнесувала најмалку 300 милиони евра.
Како резултат на оваа истрага, беа идентификувани голем број осомничени, меѓу кои и главниот сторител од Кипар, кој сега е уапсен.
– По акцијата, Сојузното обвинителство и полицијата на Германија изразија благодарност до Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и до регионалните полициски управи на Полициската управа, како и до Специјалното одделение на Обвинителството за борба против високотехнолошкиот криминал, за нивно учество во наведената акција бидејќи при претресот се пронајдени материјални докази за водење на кривична постапка и натамошно гонење на осомничените од страна на германските истражни органи – рече министерот Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Белград пронајден нелегален кол центар: 300…
Премиерот и министер за внатрешни работи на…
(ВИДЕО) Во Белград уапсен платен убиец
Европол и полицијата на Србија уапсиле во…
Српската полиција понајде пиштоли, бомби и експлозиви…
Српската полиција пронашла поголема количина оружје и…
Белград прајд мина без инциденти, ЛГБТ+ заедницата…
Во Белград, под мотото „Гордост се луѓето“,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…