Објавено на:

Во Белград уапсени 14 педофили: Разменувале експлицитни фотографии од деца на социјалните мрежи

t

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување.

Во операцијата „Армагедон“ уапсени се повеќе лица.

Тие се товарат за преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење на прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата.

Се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници.

При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави голема воена парада во Белград…

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…

Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…

Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…

Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…