Во време на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало нула производство на електрична енергија како што сега има во време на СДСМ

t

Факт е дека во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ваква состојба и денови каде што сме имале нула производство на електрична енергија немало во тоа време, а сега сме сведоци дека има. Сведоци сме дека нема јаглен, сведоци сме дека бараме помош од надвор со увоз на јаглен, истакна Стевче Антовски од Комисија за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Антовски додаде дека во однос на акумулациите, тие беа во добро кондиција, но се случи летото да се има продажба на електрична енергија од хидроцентралите во период кога цената на електричната енергија на берзата е многу евтина, околу 60 евра за мегават час.

„Ако ние се менаџираме според книга, бидеме „by the book“, многу едноставно си ги чуваме акумулациите во текот на годината, ги полниме, за да бидеме спремни за работа во зимскиот период. Најкритичен е зимскиот период. Тогаш имаме најголема потрошувачка на електрична енергија. И имајќи го во предвид дека станува збор за енергетски капацитет од јаглен кој што се од поодамна изградени, имајќи го во предвид тоа ние бевме должни да не ги црпиме акумулациите летно време, да не се фалиме дека продаваме струја на берзи по 60 евра за мегават час за сега да немаме производство во акумулациите и да купуваме електрична енергија по 350 евра за мегават час“, нагласи Антовски.

Антовски посочи дека ова е недозволиво бидејќи се нарушува не само стабилноста на електроенергетскиот систем, големи последици за кратко време доаѓаат и во стопанството, и во економијата и ни се случува економска криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…