Во Германија лани се затвориле над 190.000 компании
Минатата година во Германија се затвориле 196.100 компании , што е за 16 проценти повеќе отколку во 2023 година. Ова е најголем број затворања од 2011 година, јавува ДПА.
– Бројот на компании што трајно ги затвораат своите врати во сите сектори на економијата е алармантен – рече Патрик-Лудвиг Ханц од „Кредитреформ“.
Во индустрискиот сектор, домашните компании страдаат поради високите трошоци за енергија во производството и сè посилната конкуренција од странство, вели тој.
Во енергетски интензивниот производствен сектор, бројот на пропаднати компании се зголеми за 26 проценти. Слична е ситуацијата и во ИТ секторот, развојот, еколошките технологии и дијагностиката .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…