Објавено на:

Во гранатирање почина потпретседателката на парламентот на Доњецката Народна Република

t

Потпретседателката на парламентот на непризнатата проруска Донецка Народна Република (ДПР), 29-годишната Марија Пирогова, загинала денеска во гранатирање на Донецк од украинската војска, соопштија локалните власти.

Според руската државна агенција ТАСС, Лидерот на ДПР, Денис Пушилин објави дека Пирогова, членка на Народниот совет, била „убиена во борба“.

„Штотуку дознав дека Марија Пирогова, член на Народниот совет, доброволка, е убиена. Маша! Не можам да верувам… Денес Доњецк повторно доживува ужасен ден. Постојано пристигнуваат информации за загинати, бројот на жртви расте…“, напиша тој на Телеграм.

„Таа беше олицетворение на добрината. Лицето со големата буква. Таа им помагаше на сите, никогаш не поминуваше покрај туѓите неволји. Нејзината енергија, нејзиниот талент да прави добро беше доволно за секого. Минатата година дипломираше на Музичката академија во Доњецк како џез вокалистка и напиша своја музика“, напиша лидерот на ДПР.

Народната република Доњецк е една од четирите украински области кои Русија ги анектираше пред неколку месеци, но нејзината одлука да ги припои кон територијата на Русија не е признаена од Западот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

ЕУ не ги признава руските избори во…

Европската Унија остро го осудува одржувањето на…

Зеленски вели дека е на линијата на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во својата…

“Таа е наш херој” – Една година…

Прорускиот лидер на Доњецк, Денис Пушилин, денеска…