Во ЕУ ќе се зголеми увозот на пченка – сушата го намали приносот
Високите температури во Европската Унија го намалија приносот и квалитетот на пченката. Според очекувањата, европскиот увоз на оваа житарка ќе биде највисок во последните три сезони.
Во Франција, која учествува со 21 процент во вкупното производство на пченка во ЕУ, само 62 проценти од пченката беше оценета како добра или одлична, значително помалку од минатата година, додека сушите во Бугарија доведоа до најниски приноси на пченка и сончоглед во последните децении.
Проблемите со сушата и високите температури влијаеја и на приносот и квалитетот на земјоделските култури во Романија, земја која учествува со 13 проценти во производството на пченка во ЕУ, објавуваат медиумите.
Според прогнозите на Меѓународниот совет за житарки (IGC), Европската Унија очекува нејзиниот увоз на пченка во сезоната 2025/26 да изнесува 21 милион тони.
Покрај традиционалните добавувачи како Украина и Бразил, се очекува зголемување на европскиот увоз од Соединетите Американски Држави, пренесува Б92.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ЕУ ќе се зголеми увозот на…
Високите температури во Европската Унија го намалија…
Нетанјаху: Мојот план за преземање на Газа…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговиот…
Одбележан Денот на независноста на Украина во…
Со свечена церемонија во Католичката црква „Пресвето…
Израел го нападна Јемен, погодени се електрани,…
Главниот град на Јемен, Сана, денес беше…
Левица: Додека жителите на Гази Баба немаат…
Фејсбук објава на Левица - Гази Баба…