Левица: Додека жителите на Гази Баба немаат вода за пиење, Стефковски носи саат од 20.000 евра

t

Фејсбук објава на Левица – Гази Баба

ЛУКСУЗ НАСПРОТИ РЕАЛНОСТ🚨

Додека дел од жителите на Гази Баба се борат со прекини во водоснабдувањето, уништени улици и недостиг на основни услови за нормален живот, градоначалникот Бобан Стефковски парадира со часовници чии цени изнесуваат колку неколкугодишна плата на еден просечен работник.

Од левичарски аспект, ова не е прашање на вкус или личен избор, туку на општествена одговорност.

Недозволиво е функционер, избран да служи на народот, да се претставува со луксуз, додека луѓето за кои е одговорен едвај врзуваат крај со крај.

Дали е вистина дека градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, носи часовници од брендовите Breitling и Longines. Дали е вистина дека моделот кој го носи се изработува само по нарачка? Дали е вистина дека неговата цена, според познавачите, се движи од 13.000 до 20.000 евра, а половен чини од 7.500 до 10.000 евра ?

Левица прашува: Зарем ова е вистинската слика на „успешен градоначалник“? Зарем ова е примерот што треба да им го нудиме на младите? Зарем ова е „живот за сите“ или живот само за избраните?

Клучното прашање е: колку пумпи за вода можат да се купат со кешот на Боби?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Фрлала со дрвја по деца кои играле…

ОВР Kичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(73)…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Уапсен е 45 годишен скопјанец – крадел…

МВР информира дека вчера полициски службеници од…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…