(Во живо) Арсовска: Ова раководство на ДПМНЕ нема допирна точка со ВМРО!
Се работи за човек кој разединува наместо да соединува, коментира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешната епизода на Тешки муабети во врска со расколот предизвикан од Христијан Мицкоски во целиот опозициски блок.
– Во Советот на Град Скопје се саботира се што е за добор на граѓаните, сакате да имплементирате 250 нови автобуси, граѓаните сакаат нови автобуси, чисти, брзи, климатизирани, некој тоа не им го овозможува, го саботира, а тоа е услов за бесплатен јавен превоз, истакна градоначалничката.
– Сметам дека е погрешно да се размислува кој кого донел на власт и кој на кого донел рејтинг, ако вие со години искрено сте говореле дека некој му штети на градот, ѝ штети на Македонија, треба да направите се за да се тргне власта која тврдите дека е корумпирана.
Ова е пародија, никаква идеологија не гледаме, никакво обединување, доколку има некаква идеологија таа би требала нас да не обедини и да има силен опозициски фонт, тука суетите очигледно се на прво место и некој не може а се воздржи во малициозноста што ги има да ги пвредува и навредува сите околку него, да им се заканува. Јас не знам како некој таков човек може да биде власт.
Срамно е да се помисли дека сум тргнала против ВМРО-ДПМНЕ, јас сметам дека Мицкоски не е соодветен и способен да направи некаква промена, а ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни членови. Ова раководство нема никаква допирна точка со ВМРО, истакна градоначалничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Каранфилова Пановска: Основани се сомнежите дека бегството…
Факт денеска е дека Артан Груби не…