(Во живо) Демири објасни зошто не работат хируршките сали на Клинички- Разрешен директорот на Кардиохирургија и раководителка на програма за превенција на кардиоваскуларни заборувања!

t

Институцијата „Лешок“ во Тетово има само еден вработен, упативме апел да се припои институцијата со тетовската болница, за да може да има континуитет во работењето. Побарав од директорот да се организира Управен одбор за извештајот да се поднесе до Влада за да има континуитет институцијата и вработените да примаат плати. Се случи нешто многу необично, дел од вработените во таа болница потпомогнати од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа и кажаа небулози, дека сум има тенденција некој да се вработува, што не е точно, таму има помалку вработени Албанци од Македонци, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Илир Демири кој вели дека нема да го решава тоа прашање и ќе го остави на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ да ја среди ситуацијата и да овозможи тие вработени да земаат плата.

Во врска со проблемот со хируршките сали Демири истакна дека примероци од компресираниот воздух се испратени во Германија.

– Како второ сакам да ве информирам што се случува со хируршките сали во Клинички центар, та аинсталација за снабдување со кислород и компримиран воздух се градени пред 30 години. Пред месец дена имаше хаварија во компресорската станица, по што дојде до оштетување, влезе уље во цевките, но тие се комплетно исчистени, поминаа технички преглед од две институции кои не се поврзани со клиничкиот центар. Побарав итно од менаџерите да се поднесе барање итно да се сервисираат компресорите, но пред 8-9 дена се случи истиот систем, значи без да има хаварија во системот едноставно има лоша миризба. Во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде уверение за квалитетот на испорачаните гасови и денеска се испратени мостри во Германија.

Во клиничкиот центар се откажани сите операции, а итните случаи се оперираат во ГОБ Наум Охридски, а другите случаи во ГОБ 8 Септември.

Побарав од ОЈО да спроведе истрага и да се открие што е причината за овие настани, додека не заврши истрагата и не дојдат резултатите од официјалнинте примероци од Германија, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, изјави министерот.

Во врска со Кардиохирургија и сомнежите дека е зголемена смртноста во истата клиника, Демри истакна дека побарал да се формира посебна комисија и добил извештај каде се вели дека не е зголемена смртноста, но има податок дека има 170 пациенти кои не се внесени регуларно во Мој Термин и немаат отпусно писмо кон умреница, па таквите бројки можат да ја пореметат вредноста на крајниот исход.

– Денеска го суспендирав медицинскиот директор Д-р Шукаровски, тоа е едната причина и второ се крајно нарушените меѓучовечки односи. Таму треба да се назначи директор, експерт од надвор, но тоа е одложено поради тоа што сум министер во заминување.

Во РМ се одвојуваат средства од буџетот со програма за превенција на кардиоваскуларни заболувања, за експерти кои имаат дневница по 700 евра. Јас побарав извештај од Александра Ефтимова која ја води програмата и и таа е разрешена затоа што не даваат информации кои се тие експерти кои доаѓаат, наводно од Република Србија. Ако државата плаќа толку пари зошто да има таква смртност? – прашува министерот.

– Сакам вие како новинари да истражите што се случува со помагалата кои ги плаќа ФЗОМ, колку средства се трошат за такви интервенции, колкава е стапката на преживување и дали има злоупотреба на тие средства, вели министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…