Левица: Нема термини за прегледи за рак на дојка поради катастрофалната состојба во здравството

t

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики на власта, ги остави жените без термини за преглед на рак на дојка. Eлектронскиот начин за регистрација за скрининг мамографија на системот “Мој термин” е преполн уште од јули 2023, а до крајот на годинава, нема ниту еден слободен термин! Дополнително, термините за 2024 година воопшто не се пуштени, а министерството за здравство со Меџити нема никаква стратегија како да ги покријат жените кои чекаат со месеци за преглед велат од Левица.

– Мината година во Македонија починале 356 жени од рак на дојка, што е највисока бројка од 2010 година до денес. Иако докторите апелираат дека рана детекција е клучна, жените се оставени на немилост на владините политики, а оние кои можат да си дозволат – спасот го бараат во приватното здравство. Лицемерна е кампањата на владејачката СДС за подигнување на свеста кај жените во борбата против ракот на дојка, додека во реалноста, не функционира системот за рана детекција на ова заболување. Делењето флаери кое за лична пропаганда го вршат СДС и нивниот лидер, нема да го направат „Mој термин” поефективен, ниту жените поспокојни. Празните флоскули обоени во розевата панделка, во време на висока инфлација, на поголемиот дел од жените им влева само повеќе страв. На жените не им е потребна евтина пропаганда, туку обезбедување функционален систем во државното здравство, каде нема со месеци да чекаат термини за преглед! За жал, после скандалот со Клиниката за онкологија, неспособноста на корумпираната власт доведе до највисок број на починати од ова малигно заболување – без ниту еден министер да поведе одговорност, се вели во соопштението од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме…

Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите…

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата…

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и…