(Во живо) Едно компресивно одело е околу 5.000 евра, а се менува на месец-два – Доколку некој не го носи може да има последици!

t

Голема е бројката на луѓе кои се лекуваат во болницата во Кочани, не се сите со изгореници, има на пример скршена нога или слично, може има стотина пациенти, вели денеска во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс Ненад Вржалски од Support Kocani.

– Има недостаток на медицински персонал, денеска лекарската комора испрати екстра персонал. Така кажаа, дека една сестра опслужува стотина пациенти, исто и еден доктор е на стотина пациенти. Повеќе од потребно е реновирање на болницата, кој сака може да не исконтактира. Компресивните одела се изработуваат по нарачка, оделото, имам информации од еден од родителите, чинело 5.000 евра и тоа не е долготрајно. За некој месец ќе треба да го менуваат пак, а има околу 70 деца што треба да го носат, значи во наредните години ќе треба на неколку месеци да се менуваат, тоа се голема сума на пари, истакна Вржалски.

– Тие компресивни одела се потребни кај оние што имаат трансплантирана кожа, ги стегаат нервите и ги задржува виталните функции на самото место, прсти и слично, веројатно може доколку не се носат компресивните одела да останат инвалиди. Има потреба и од протези, слушнавме дека има и ампутации. Сите оние кои сакаат да донираат, фирми и слично, ќе објасниме како може да помогнат.

Тој додаде дека и семејствата на жртвите и повредените не можат да работат и да заработуваат, така што и за нив се потребни средства додека да почнат повторно да работат во степен во кој можат.

Донирајте на линкот во продолжение:

https://supportkocani.com/?lang=mk&fbclid=IwY2xjawKYbqNleHRuA2FlbQIxMQABHoIuTAeAG9R7o9IJjvHnQAB4btLeqqQd7OJK8rAhVO9_241Av9Y6QEzdGmhh_aem_FLyQvI3ou-83MdW-x77AAw

Емисијата следете ја во живо во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…