(Во живо) Конфликт на Балканот е неизбежен – Македонското прашање секогаш било централно на полуостровот
Изјавите на Русија и Западот се максимални изјави кога се во прашање претстојните преговори, на сите им е јасно дека мора на крај да се дојде до некаков компромис, вели Дарко Тодоровски во денешната епизода на Тешки муабети, коментирајќи ја изјавата на Лавров дека руското барање е НАТО да се врати во границите пред 1992 година, што практично значи излегување на Макеоднија од Алијансата.
Во однос на влијанието на конфликтот врз Балканот и директно врз Македонија Тодоровски смета дека конфликт на Балканот е практично неизбежен.
– Она што е интересно е дека Македонија секогаш имала централна улога на Балканот и македонското прашање е централно на Балканот, ама во последно време актуелен е конфликтот Грција-Турција. Ако избувне тој конфликт тоа ќе го смени целиот Балкан и териториите на Блаканот. Некој мисли дека доколку Ердоган замине ќе се смени политиката на Турција, тоа е илузија, тие си имаат национален интерес и мислам дека е релана изјавата на Ердоган дека една вечер ќе дојдат во Грција и ќе си го земат своето.
Интересна е и играта околу Србија, Западот ја сака Србија во НАТО, а тука е и конфликтот со Косово.
Мислам дека тешко е да се затворат некои прашања на Балканот и сметам дека е неизбежен конфликт на Балканот, нагласи Тодоровски.
Тој на крај додаде дека во Македонија има еден вид на цензура и дека во војна секогаш вистината е некаде на средина, но дека му е драго што постојат медиуми кои ги пренесуваат двете страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…