(Во живо) Хакирано Министерството за образование – Али Ахмети веќе не е доктор на науки?

t

Во првата епизода од втората сезона на „Тешки муабети”, со Милош Милошевски и Јанко Илковски се зборуваше за хакирањето на Министерството за образование од страна на грчки хакери, кои на Твитер се пофалија дека го хакирале сајтот на МОН.

Еве што кажаа Јанко и Милош:

Хакерите го хакнале не само сајтот на МОН туку и внатрешните структури и можеле да се следат камерите во институцијата. Информатичар од Гостивар, реномиран во цел свет ги известил навремено дека се нападнати, меѓутоа институциите не се погрижиле за тоа од некои причини.

“Најлошо е што два дена не приметиле дека се хакирани, може се украдени податоци, може некој сега нема диплома, а ја имал, или Али Ахмети веќе не е доктор на науки” – вели Милош Милошевски.

“Серверот за заштита бил под скали на некој факултет” – се шегува Јанко.

“Хакерите се самоубиле кога виделе дека нема ниедна книга во институциите” – коментира гледач на Фејсбук.

“45 минути брука” – вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

“Најтрагично е што само еден човек работеше на снимката” – Милош

“Замислете колку сме искршени како народ, ништо не нѐ погодува веќе, мирно прифативме дека сме хакирани. Ме интересира во што ќе еволуира ова – вели Јанко.

Се надеваме дека институциите преземале некакви мерки за заштита на институциите, особено на хакираното Министерство за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сиљановска си се однесува како по…

Нашата претседателка налик на Бајден, сите државници…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Хит Видео) Вучиќ на ТикТок објави разговор…

На социјалната мрежа веќе го следеа повеќе…

(Урнебесно видео) Левица Аеродром се исмеваат со…

Левица во посета на новите капитални инвестиции…