Во Зоолошката во Скопје се родија близнаци лемури
Две преслатки близначиња лемури се родија во Зоолошката градина во Скопје, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност, соопштија од ЗОО Скопје.
Оттаму посочуваат дека лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница.
„Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе. Кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи. Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот во ЗОО Скопје“, стои во соопштението.
Пред малите лемури, на средината на март Зоолошката доби и друг нов жител – бебе пингвин од загрозениот вид хамболт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Зоолошката во Скопје се родија близнаци…
Две преслатки близначиња лемури се родија во…
(Видео) Скопјанка со „ауди“ се движи по…
На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници…
Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје…
Уште еден лет од Дубаи кон Скопје…
Власта и опозицијата местат тендери за Универзална…
Пет јавни повици само во Министерство за…
(Видео) „Македонија е исфрустрирана и агресивна средина…
Одбивам да прифатам дека ова е најдобро…