Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје за евакуација на македонски државјани
Уште еден лет од Дубаи кон Скопје ќе се реализира денеска, како дел од активностите за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија информираат дека евакуацијата се спроведува во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, со цел безбедно враќање на граѓаните во земјата.
Воедно, од Амбасадата на Северна Македонија во Абу Даби апелираат до македонските граѓани кои имаат приоритетна и неодложна потреба од евакуација да се пријават во амбасадата во најкус можен рок. Евидентирањето може да се направи телефонски на бројот +971 56 441 7532 или преку електронска пошта на адресата [email protected].
Според официјалните податоци, досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што во земјава се вратени вкупно 458 патници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…