Во Кавадарци малолетник е повреден со воздушна пушка – пукнала додека ја разгледувале со другарот

t

МВР информира дека вчера рано наутро, околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.

Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашле воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.

Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кавадарци малолетник е повреден со воздушна…

МВР информира дека вчера рано наутро, околу…

Делови од телото на убиената штипјанка се…

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Штип донесе…

Мицкоски: Разговорите за ресорите во Владата продолжуваат…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

Со тврд предмет и го скршил черепот,…

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…

Власта нема изговори за одлагање надзорна расправа…

Според неа, надзорна расправа за Кочани мора…