Во Кавадарци малолетник е повреден со воздушна пушка – пукнала додека ја разгледувале со другарот
МВР информира дека вчера рано наутро, околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.
Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашле воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.
Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…