Во Македонија нема пари за ништо, ама Владата ќе најде пари за Укpаина!
Државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што појасни тој, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кој Алијансата.
„Има дополнителен пакет за помош на Украина. Мислам дека наскоро ќе биде на седница на Влада, иако чекав сите министри да добијат безбедносен сертификат, бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава, но важно е овој период да направиме и проценка на сето она што досега сме го дале, што до сега не е направено“, рече Мисајловски.
И додека има пари за Украина, Владата нема пари за повисоки плати на наставниците, за повисоки плати на работниците и зголемување на минималната плата, нема пари за 5.000 денари поголема пензија за пензионерите кои сегашната Влада ги ветуваше пред избори. Нема пари ни за Владата да си ги подмири долговите кон јавните претпријатија на Град Скопје, а нема ниту за нови автобуси. Нема пари за здраввството, за Онкологија, за нови болници и нови апарати.
Нема пари ни за патот кон Блаце, соопшти министерот Николоски.
Министерот за транспорт Александар Николоски вчера како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата рече дека изградбата на автопатот кон границата со Косово, односно кон граничниот премин Блаце ќе се ревидира, затоа што проекциите на претходното раководство на Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека тој ќе чини 240 милиони евра.
– Станува збор за одбрана нова планинска траса од 12 километри, од кои шест километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар. Се прави ревизија со „Државни патишта“ да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса, рече Николоски.
Тој дополни дека средствата од кредиторот ЕБОР не се доволни за да се изгради автопатот по оваа цена.
– Ова прв пат го кажувам во јавност. За месец и половина очекувам да излеземе со решение, додаде министерот.
Тој додаде дека членовите од неговиот ресор како и од Македонски железници Инфраструктура се повлекле од евалуациската комисија за избор на изведувач на третата фаза од пругата кон Бугарија.
Требаше да се избере компанија која за 500 милиони евра треба да ја доврши пругата до Бугарија, но според Николоски, речиси сите добиени понуди (вкупно седум) пристигнале од несериозни изведувачи. Од друга страна, изградбата на пругата би продолжила кога Бугарија би го третирала проектот „Коридор 8“ како заеднички.
Претходно министерката за образование рече дека таа би сакала да им ги покачи платите на наставниците, ама нема пари.
– „Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година – за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни. Во првата година тие, секако, ќе добијат покачување. Во март ќе добијат покачување на платата, што е можно повеќе, колку што ќе дозволи Буџетот, толку ќе добијат. Во текот на годината, ако има можности, уште едно покачување, за да бидат задоволни и мотивирани“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, Јаневска истакна дека како наставник точно ги знае, рече, „проблемите и предизвиците и со каква тежина и притисоци се соочуваат наставниците“, но верува дека тие ќе имаат разбирање за реалните можности.
„Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем. Се соочуваме со огромни средства за учебници, огромни средства за ученички стандард кои не ги исплаќале, огромни средства за студентски стандард кои не ги исплаќале, проблеми со превозот. Гледате дека се доградуваат училници, се реновираат санитарии. Сѐ е тоа нешто што е неопходно. Не дека платите на наставниците не се неопходни, тие се и тоа како значајни, но јас сум убедена дека ќе имаат разбирање“, рече Јаневска.
Нема пари за ништо, ама пари за Украина мора да се одвојат, секогаш…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија нема пари за ништо, ама…
Државава подготвува уште еден пакет за помош…
Милановиќ тврди дека хрватски војници нема да…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска…
ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива…
Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе почне…
Украина нема да го продолжи договорот за…
Украина нема да го продолжи договорот за…
„Контролираме 1.300 квадратни километри“: Украински генерал за…
Генералот Олександар Сирски, шеф на украинските вооружени…