Во Македонија се појави нов подвид на омикрон, заболени се три лица

t

Тројца жители на Македонија се заразени со подвидот на сојот омикрон, наречен БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“ пишува неофицијално „Фокус“.

Како што пишува „Фокус“ станува збор за двајца пациенти од Скопје и еден од Струмица. Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје направена е типизација на 41 примерок од кои 35 граѓани се носители само на омикрон, додека тројца на новиот подвид. Исто така, се уште е присутен и делта сојот, кој дава потешка клиничка слика на заразените.

Претходно, Светската здравствена организација соопшти дека стелт омикрон е откриен во 57 земји, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека е позаразен од другите видови на омикрон.

Пред неколку денови подвидот беше откриен и во регионот, Хрватска, Црна Гора и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…