Во мај се враќа „старото нормално“, нема веќе маски и ковид-сертификати!

t

Со први мај се спуштаат меѓуграничните „ковид рампи“. Без разлика дали сте вакцинирани или прележани од недела нема да Ви треба сертификат за да минете грчка граница, ама за ручек во затворено во некоја од скопските кафеани, по правило сè уште ќе мора да го имате, бидејќи последните препораки на Комисијата за заразни болести за укинување на речиси сите рестрикции, не се стапени на сила. За официјално да се укинат сите мерки кај нас, освен маските во болница, аптека, автобус и старечки дом, Кризниот штаб и Владата треба да дадат „амин“. А според најавите, тоа ќе се случи по празниците, бидејќи владината седница најверојатно ќе се одржи во вторник.

Инаку, задолжителноста на сертификатите на граница пред и официјално да стартува туристичката сезона освен Грција ги укинаа и Албанија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска.

Во меѓувреме епидемиолошката крива и во регионот, а и кај нас е мирна. Според последните официјални податоци на Институтот за јавно здравје во моментов заразени се околу 600 граѓани, а само околу 40-тина се во болница. Во Скопје ковид позитивни возрасни пациенти се примаат само во ГОБ „Осми септември“, со оглед на тоа што Инфективната клиника е затворена поради процес на целосна дезинфекција. Според Директорот на оваа болница Д-р Христијан Костов на преглед поради ковид доаѓаат само по пет шест пациенти на ден.

Инаку, освен пациенти со инфектолошки здравствени проблеми, оваа болница особено во наредните недели, со оглед на реновацијата на Ургентниот центар на Клинички, ќе прима и поголем број на итни случаи. Раководството на болницата смета дека може да го издржи притисокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…