Во недела избори во четири општини

t

Државната изборна комисија ги заокружува подготовките за повторените локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари (недела). На денешната седница беа донесени клучни одлуки за транспорт на доверливиот материјал до општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

За непречено одвивање на процесот, ДИК одобри авансни средства за вработените и лицата ангажирани за транспорт, вклучувајќи ги и припадниците на МВР кои ќе ги обезбедуваат гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список.

„Овие средства се наменети за достава на доверливиот изборен материјал, но и за дистрибуција на уредите за биометриска идентификација на гласачите до сите избирачки места во овие четири општини“, појасни членот на ДИК, Ангелчо Ристов.

Со усвојувањето на последното Упатство за гласање, Комисијата и формално ги заврши правните процедури, со што сè е подготвено за граѓаните од овие региони в недела да ги изберат своите локални власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски најниска излезност на локалните избори: За…

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…

МВР презема мерки за мирен, фер и…

Министерството за внатрешни работи за време на…

Османи: Србија се обидува да купи гласови…

Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…

Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…

Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…