Во оваа жена Македонија има вистински пријател: Петир побара да се одбрани македонскиот идентитет и да запрат притисоците врз Македонија

t

Пратеничката на хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир ги повика евро-пратениците да застанат на страната на Македонија, и во одбрана на македонскиот национален идентитет и култура.

Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојам со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат, изјави Петир во изјава која ја пренесе Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права од Канада.

Оваа организација се придружува на повикот на Петир, и повика “сите евро-пратеници и политичари – кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права – да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја”.

Петир беше претседателка на групата за пријателство со Македонија во Европскиот Парламент, се до доаѓањето на Заев на власт. Хрватската десничарка е позната како гласен поддржувач на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во февруари зголемен бројот на туристи во…

Бројот на туристи во февруари е зголемен…

Казанџиска порача: Јорданов да се соочи со…

Испуштената нафта од преместувањето на цистерната кај…

Кремљ: Еден напуштен мировен договор од 2022…

Еден напуштен мировен договор меѓу Русија и…

САД го предупредија Додик: Ако повторно го…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина во…

Белгија отвори истрага за евентуално руско мешање…

Белгискиот премиер Александар Де Кро соопшти денеска…