Во петок соочување на Русковска и Јовески за претресот на Арафат Муареми и Управата за финансиска полиција

t

Во петок ќе се соочат републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а во врска со поведената дисциплинска постапка против обвинителките.

Седницата на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност била закажана за 23 февруари, но истата била одложена за 3 март, по барање на обвинителката Русковска.

Од Обвинителството за ,,Фокус” појаснуваат дека на седницата ќе се сослушаат поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и обвинителките Трајчева и Јосифовска, за кои кон крајот на минатата година беше донесено решение за поведување дисциплинска постапка.

-На седницата беа повикани подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност – Јавниот обвинител на Република Македонија и трите јавни обвинителки, кои имаат право во оваа фаза на постапката да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.

Меѓутоа, расправата беше одложена, бидејќи поранешниот основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави писмен поднесок до Комисијата со кој побара одлагање од оправдани причини. Седницата е презакажана за 03.03.2023 година, ни одговорија од Обвинителството.

Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Муареми поднесе кривична пријава против Русковска откако ОЈОГОКК отвори истрага против него, и изврши претрес на работните простории на директорот откако Инфомакс ексклузивно објави дека екс-директорот Муареми рекетирал бизнисмени злоупотребувајќи ја неговата службена должност.

Од ОЈОГОКК, Муареми беше под истрага поради основано сомневање дека во неколку наврати ја злоупотребил својата функција да врши уцени на бизнисмени под закана дека ако не ги исполнат неговите барања ќе им отвори финансова истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница…

На собраниската седница закажана за 2 ноември…

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…

Директорот на Финансова пред нова година купил…

Управата за финансиска полиција пред Нова Година…