Во Пехчево се собираат пари за ново противпожарно возило откако единственото изгоре – еве како може да донирате

t

Во Пехчево започна акција за прибирање средства за набавка на ново противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво Пехчево. Акцијата се организира откако единственото противпожарно возило кое го имаа пехчевските пожарникари-доброволци изгоре во пожарите, кои во изминатите две недели ги пеплосаа шумите над градот и неговата околина.

„Ние, како доброволци од Доброволното противпожарно друштво Пехчево, сме посветени да продолжиме да се бориме со огнените стихии, но сега ни е потребна вашата помош. Секоја донација, колку и да е мала, ќе ни помогне да набавиме нова опрема и возило, со што ќе можеме повторно да ја заштитиме нашата заедница“, се вели во објавата на ДПД Пехчево кои за таа цел апелираат до сите хумани граѓани да донираат на трансакциската сметка со број 300200000007592 на име ДПД „Пехчево“.

Паралелно повик за парични донации е отворен и на платформата gofundme.com. Во описот организаторите на акцијата за донации информираат дека донациите ќе бидат наменети исто така за ново возило наменето за потребите на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

Линкот за донација на оваа платформа е под името ,,Да помогнеме за Пехчево,” а досега е собрана минимална сума од предвидените 6.000 евра за помош на ДПД „Пехчево“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Пехчево се собираат пари за ново…

Во Пехчево започна акција за прибирање средства…

Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода…

Денеска (12.08.2024), Одделот за воздухопловни единици при…

(Видео) Најстрашни се пожарите во Пехчево и…

Во август во просек има околу 40…

Апокалиптични сцени! Повторно е критично во Пехчево,…

Нов повик за вклучување на доброволци во…

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над…