Во Пехчево се собираат пари за ново противпожарно возило откако единственото изгоре – еве како може да донирате
Во Пехчево започна акција за прибирање средства за набавка на ново противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво Пехчево. Акцијата се организира откако единственото противпожарно возило кое го имаа пехчевските пожарникари-доброволци изгоре во пожарите, кои во изминатите две недели ги пеплосаа шумите над градот и неговата околина.
„Ние, како доброволци од Доброволното противпожарно друштво Пехчево, сме посветени да продолжиме да се бориме со огнените стихии, но сега ни е потребна вашата помош. Секоја донација, колку и да е мала, ќе ни помогне да набавиме нова опрема и возило, со што ќе можеме повторно да ја заштитиме нашата заедница“, се вели во објавата на ДПД Пехчево кои за таа цел апелираат до сите хумани граѓани да донираат на трансакциската сметка со број 300200000007592 на име ДПД „Пехчево“.

Паралелно повик за парични донации е отворен и на платформата gofundme.com. Во описот организаторите на акцијата за донации информираат дека донациите ќе бидат наменети исто така за ново возило наменето за потребите на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.
Линкот за донација на оваа платформа е под името ,,Да помогнеме за Пехчево,” а досега е собрана минимална сума од предвидените 6.000 евра за помош на ДПД „Пехчево“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…
Tри лица се лишени од слобода во…
Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00…
Приведени 11 возачи, возеле без дозвола или…
На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот…
Неколку полицајци од сообраќајна со верско лице…
Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени јавно…
27-годишник од Пехчево, без возачка дозвола со…
Вчера во 19:49 часот во ОВР Берово…