Во понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата

t

В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.

Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

За менување и трансформација на бројот на министерства во Република Македонија потребни се измени во Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска повторно се правда: Претседателот не можел…

Став од Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска…

Неофицијално: Мендух Тачи и уште двајца пратеници…

Неофицијално Мендух Тачи и уште двајца пратеници…

Левица: Воведување на една изборна единица е…

Левица на денешната прес-конференција пред Собраниската седница…

Касами: Потребно е допрецизирање на предлогот за…

Претседателот на БЕСА, Биљал Касами истакна дека…