Касами: Потребно е допрецизирање на предлогот за реорганизација на Владата
Претседателот на БЕСА, Биљал Касами истакна дека за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа има потреба од дополнително прецизирање. Според него законот нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.
– Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените, истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.
На новинарско прашање што очекува од ДУИ, Касами изрази надеж дека ќе бидат конструктивна опозиција.
– Се надеваме дека ДУИ и коалицијата ќе бидат конструктивна опозиција во вредностите во кои ние веруваме, резултатите на Владата се директно зависни од тоа колку е консолидирана и силна опозицијата. ДУИ ги има бројките, се надеваме дека и волјата ќе ја имаат за да бидат конструктивна силна опозиција, коректор на власта. Со тоа да граѓаните да можат да имаат придобивки од една власт која ќе работи за нив, истакна Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…