Во потрагата по 10-годишниот Петар од денеска се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување

t

Во потрагата по 10-годишниот Петар Џобоски што исчезна во петокот во Мариово од денеска се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика, соопштија од ДЗС.

Денеска е четврти ден од потрагата по Петар, кој според пријавата на таткото Стојан, се оддалечил од својот дом во прилепското село Врбско.

Повеќе од 100 полицајци, противпожарни и спасителни служби, ловџии, но и граѓани доброволци од неколку градови веќе четири дена се во потрага по Петар, во која беше вклучен и хеликоптер, а и со дрон се снимаше теренот каде се бара детето.

Прилепското Основно јавно обвинителство вчера отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар.

МВР објави телефонски број на дежурната служба во село Витолиште, 071 268-594, каде што граѓаните можат да се обратат за координација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…