Во првите три дена: Над 14.000 граѓани пријавени за бесплатна вакцинација против сезонски грип

t

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани.

Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини.

-Потсетуваме дека пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, велат од министерството.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првите три дена: Над 14.000 граѓани…

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред…

Парондо: По дуелот ќе седнам со своите…

Екипата на Вардар утре, на гости кај…

Ја нападнал и повредил својата сопруга, маж…

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе…

Тинејџер нападнал полицаец, но тоа не е…

На 14.10.2024 во 02:00 часот во с.Мралино,…

Јакимовски ја повика Владата да го плати…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска…