Парондо: По дуелот ќе седнам со своите пријатели од црвено-црниот табор и ќе се потсетиме на заедничките убави денови
Екипата на Вардар утре, на гости кај бундеслигашот Мелсунген, ќе го одигра вториот меч од новата сезона во Европската лига, во кој ќе се обиде да дојде и до втората победа по неодамнешниот триумф дома против исландски Валур.
Овој меч носи дополнителна возбуда, со оглед што на клупата на противникот на македонскиот состав ќе биде Роберто Парондо, поранешен тренер на црвено-црните, кој беше дел од тимот што во 2019 година стана европски шампион. Германскиот тим потсетува на овој факт во денешната најава на средбата, со напомена дека колку и да има убави спомени Шпанецот од престојот во Скопје, тој не планира да му „попушти“ на својот поранешен клуб туку ќе стори се за да го совлада.
„Ова ќе биде моја прва средба против Вардар по заминувањето од Скопје, поради што таа ќе биде посебна. Средбата ќе биде како и сите други, ќе бидам максимално фокусиран да донесам победа на својата екипа. А по средбата ќе седнам со своите пријатели од црвено-црниот табор и ќе се потсетиме на заедничките денови“, изјави Парондо.
Мелсунген е во одлична серија со четири победи во низа, меѓу кои се и успеси против екипи како Кил и Порто на теренот на противниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојна од Кратово повторно уапсена кај „Куклица“…
Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од…
Приведени четворица осомничени за смртта на двајца…
Четворица приведени под сомнение дека сториле две…
Инцидент во центарот на Скопје – Оштетен…
На 27.10.2026 во 20:00 часот во СВР…
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…