Во прекин сообраќајот за камиони на ГП Меџитлија

t

Од АМСМ информираат дека од 09:00 часот сообраќајот за ТМВ на ГП Меџитлија е во прекин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После продолжениот викенд, на границите километарски колони…

По продолжениот викенд, Македонците вечерва се враќаат…

Не се обидувајте да поминете во овој…

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел…

Возачот загинал: Детали за сообраќајната несреќа кај…

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот…

Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин…

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија…