Во Русија се врши „чистка“ на најистакнатите руски генерали
Началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Валериј Герасимов не се појави во јавноста или на државната телевизија откако на 24 јуни заврши бунтот на паравоената група.
Американски официјални лица синоќа изјавија дека генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, го поддржува Пригожин, но дека западните разузнавачки служби не знаат со сигурност дали тој на некој начин го помага бунтот.
„Москва тајмс“ на руски јазик и еден воен блогер објавија дека Суровикин е уапсен, додека некои други воени новинари со голем број следбеници во Русија тврдат дека тој и другите високи офицери биле испрашувани од безбедносната служба ФСБ за да се провери нивната лојалност.
Телеграмскиот канал „Рајбар“, управуван од поранешен офицер за печат на руското Министерство за одбрана, објави дека „чистката е во тек“. Според „Рајбар“ властите се обидуваат да го елиминираат воениот персонал, за кој се смета дека покажал „неодлучност“ во задушувањето на бунтот, бидејќи делови од вооружените сили, наводно, направиле малку за да ги запрат борците на „Вагнер“ во раните фази на бунтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…