Во Русија тестираат нов уред за борба против рак

t

Во Русија започнуваат клиничките испитувања на најновиот систем за борба против тумори со помош на фокусиран ултразвук.
Уредот е комбинација од дијагностички алатки и алатки за третман – ултразвук со висок интензитет кој се фокусира на дадена точка каде што се наоѓа туморот.


Како што изјави за Спутник Олег Ипатов, раководител на одделот за научно-технолошко партнерство на Политехничкиот универзитет „Петар Велики“ од Санкт Петербург, ова е прилично нова гранка на лекување и дијагностика, која се нарекува „тераностика“ (терапија и дијагностика ). Кога туморот е озрачен со ултразвук, клетките се загреваат на 70-90 степени во рок од 10-15 секунди. После тоа, телото сам ги отфрла мртвите клетки.


„Тоа не е руски метод, има аналози во светот. Конкретно, туморот на дојката се третира со сличен апарат во Франција. Сепак, светската практика покажува дека овие методи активно се користат за лекување на други органи. На пример, во Америка постои уред за третман на аденом на простата кај мажите. Во Кина, овој метод се користи за лекување на тироидната жлезда. Методот покажа ефикасност и во лекувањето на проширени вени“, рече Ипатов.

Како што истакна, методот е добар бидејќи е безболен и не бара хируршка интервенција. Во споредба со францускиот аналог, рускиот уред има голем број на предности.
„Времето на процедурата се намалува на 10-15 секунди, додека француската технологија трае неколку минути. Нашиот уред обезбедува повратни информации што му овозможуваат на лекарот да ги контролира режимите. Дополнително, нашиот уред обезбедува термометрија – се следи температурата во озрачената зона, што е многу важно за да се спречи прегревање“, објасни научникот, додавајќи дека Русија успеала да создаде навистина високотехнолошки уред.


„Очекуваме уредот да влезе на пазарот следната година“, рече научникот, истакнувајќи дека целта на клиничките испитувања е да се развијат специфични методи за лекарите.
Медицинскиот уред е развиен со заедничка работа на експерти од технолошката лабораторија за ултразвук на Центарот за напредни истражувања на Универзитетот „Петар Велики“ во Санкт Петербург, експерти од фабриката Новосибирск за производство на инструменти, како и водечки медицински установи – Националниот медицински истражувачки центар за онкологија „Н. Н. Петров“ и Првиот државен медицински универзитет „Академик И. П. Павлов“ од Санкт Петербург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се огласи Кејт Мидлтон: Имам рак,…

На Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ѝ…

Путин: Русија наскоро би можела да создаде…

Русија наскоро би можела да создаде вакцина…

Кралот Чарлс Трети има рак

Кралот Чарлс Трети има рак, објави Бакингемската…

 Значително унапредена раната детекција на најчестите малигни…

Министерството за здравство во склоп на националните…

Дијана ја прими првата имунотерапија, да помогнеме…

Дијана Наумоска од Тетово ја прими првата…