Актерката Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката
Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на „Инстаграм“ соопшти дека ѝ дијагнотицирале рак.
Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
Таа посочи дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.
Имав две операции, се работи за рак на дојка. Минатата година кога јас се оперирав и вадев жолчка, ми кажаа дека треба да ја следам состојбата. Како што спиев, едно ми скокна на десната града, што толку ме заболе, што јас се јавив на мојот д-р Огнен. Ме среди за 24 часа, со тоа што ми обезбеди торакалец, жена, Наташа Толевска, извонреден хирург, додава Петрушевска.
Посочува дека таа живее со дијагнозата и состојбата на телото.
Имам 30 сантиметри рез, кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, додава Петрушевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
Ѓорѓиевски: Еднократна парична помош за онколошките пациенти
Во рамки на Програмата за активности во…
Светски ден на борба против ракот: Пушењето…
По повод Светскиот ден за борба против…
Чарлс III откри нови детали за својата…
Британскиот крал Чарлс III со британската нација…
Да му помогнеме на Божидар: 12-годишното момче…
Божидар Коцевски има само 12 години, а…