Во сабота ново филмско дружење во Градскиот парк: Балканот не е мртов

t

Во сабота ќе има ново филмско дружење на отворено во Градскиот парк, соопштија од Град Скопје.

-За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски. Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе почне во 20:30 часот.

Како дел од богатата културна понуда на Град Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година овие филмски вечери на отворено прераснуваат во омилена активност на голем број граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и ги исполнуваат викендите со дружење и забава. – стои во објавата на Фејсбук страната на Градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…