Во сабота цело Скопје ќе остане без вода – еве која е причината

t

Во сабота, на 21 декември цело Скопје за момент ќе остане без вода, поради санирање на голем дефект во Карпош 4, на улицата Никола Парапунов.

Дефектот е веќе подолго време, и за да се санира, како што велат од „Водовод и Канализација“, ќе треба да се исклучи водата за целиот главен град и тоа најавуваат дека ќе се случи оваа сабота.

Од таму напоменуваат дека овој зафат се прави еднаш во 50 години, и дека последно такво затворање било во 1991/1992 година.

„Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затврачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош.

Системска промена на 5 децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем. Почеток за реализација на оперативниот план и затварање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата.

Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните“, велат од Водовод и канализација.

ЛИНК од објавата на ЈП Водовод и канализација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сабота цело Скопје ќе остане без…

Во сабота, на 21 декември цело Скопје…

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ја информира јавноста дека поради…

Тошковски: Не се пронајдени чаури од автоматско…

Дали постои опасност да ни се повтори…

СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…

(Видео) Разбојниците имале и експлозив! Детали за…

Министерството за внатрешни работи излезе со детали…