Во сабота ќе се одржи 31-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
Паралелно со текот на судскиот процес, организаторите упатуваат јавен повик до сите граѓани кои веруваат во правдата, солидарноста и човечноста да се приклучат на 29. издание на „Маршот на ангелите“, што ќе се одржи на 29 ноември 2025 година (сабота).
Маршот ќе започне во 14:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани, со порака да се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“.
Организаторите истакнуваат дека ова не е протест, туку мирен марш чија цел е да се укаже на потребата од правично судење и да се потсети дека зад секој број и секој предмет стои вистински човечки живот, семејство и болка која не избледува.
„Нашата порака е јасна и искрена: За нашите деца. За вистинска правда. За Македонија со совест“, се наведува во повикот.
Тие додаваат дека е важно да се покаже дека општеството не молчи пред неправдата и дека постои народ кој не се откажува од вистината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сабота ќе се одржи 31-ви „Марш…
Паралелно со текот на судскиот процес, организаторите…
Возачи во Делчево, Чашка, Кавадарци, Тетово и…
На 26.11.2025 во 20:50 часот на бул.…
Почна судењето за убиството во кафеана во…
Под строги полициски мерки за обезбедување и…
Лавина затрупа луѓе во Австрија, хеликоптери го…
Драматична спасувачка операција е во тек во…
Поплави во неколку градови во Бугарија
Силно невреме со дожд и ветер го…